19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуѓето се воодушевени од изгледот на вилата на славниот шармер и неговата...

Луѓето се воодушевени од изгледот на вилата на славниот шармер и неговата драга: „Милионери со сериозен вкус“

Џејсон Статам и неговата свршеница Роузи ја реновираат куќата во минималистички стил.

Британската манекенка Роузи Хантингтон Вајтли (30) на социјалната мрежа Инстграм се пофали со фотографии од нејзината куќа во Лондон, која во моментов се реновира.

Коментарите на луѓето се повеќе од позитивни, а она што најмногу им се допаѓа е дека сè, како што велат, е „чисто“, не е сјајно и не е пренатрупано.

На првата фотографија, Роузи носи црно долго палто, и гледа во празната соба во нејзиниот нов дом и голем прозорец со прекрасен поглед на шумата.

– Јас ги дизајнирам своите соништа – напиша поранешната манекенка покрај фотографијата.

Просторијата е обоена во крем, а дрвениот под е како во поголемиот дел од куќата, во процес на реновирање.

На следната фотографија можете да видите разни предлози за дизајн на теписи и цртежи и фотографии, за тоа како треба да изгледа куќата по реновирањето.

Следачите беа воодушевени од напредокот на куќата, па ги пофалија Џејсон и Роузи за минималистичкиот стил.

– Едвај чекам да видам повеќе, бидејќи сè што создавате е прекрасно – напиша еден следач.

– Верувам дека ќе биде одлично, имате прекрасен вкус и стил – потенцираше другиот.

Среќната двојка е во врска од 2010 година, а во 2016 година се верија. Една година подоцна, Роузи го роди синот Џек Оскар (4).

Да потсетиме, Роузи е висока 175 см, а Џејсон е висок 178 см, но штом оваа убавица ги облече штиклите, таа изгледа повисока од него. Таа неодамна зборуваше за фактот дека Џејсон е 20 години чпостар од неа и откри дека разликата во возраста воопшто не влијае на нивната врска.

Погледнете ја галеријата:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП