25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Northvolt“ со 2,75 милијарди долари ќе ги прошири производствените капацитети

„Northvolt“ со 2,75 милијарди долари ќе ги прошири производствените капацитети

Шведскиот производител на батерии „Northvolt“ собра досега најголемо финансирање од 2,75 милијарди долари за поддршка на своите планови за проширување на производствениот капацитет и за одржување на лидерството во просперитетната индустрија на батерии за електрични автомобили во Европа, пренесува „Automotive News Europe“.

„Northvolt“, кој со своите производи снабдува голем број производители, вклучувајќи ги „Volkswagen“ и „BMW“, го објави собирањето на средства во средата. Кругот на финансирање е предводен од шведските пензиски фондови „АР1“, „АР2“, „АР3“, „АР4“ и „Omers Capital Markets“, како и од „Goldman Sachs Asset Management“ и „Volkswagen Group“.

Од „Volkswagen“ соопштија дека, најголемиот производител на автомобили на Стариот континент, ќе инвестираат 500 милиони евра во шведската компанија како дел од рундата за финансирање, задржувајќи 20% од акциите на добавувачот.

„Northvolt“ е основан од поранешни вработени во американскиот концерн „Tesla“ со идеја да се изгради европски ланец на снабдување на литиум-јонски батерии.

Швеѓаните имаат за цел да се натпреваруваат со глобалните индустриски играчи.

Компанијата има за цел да ги преземе главните азиски играчи како што е „Contemporary Amperex Technology Co.“ (CATL) и „LG Chem“ и има за цел да го зголеми својот удел на пазарот во Европа на 25% во 2030-та година.

Во март „Northvolt“ објави дека добил наредба од „VW“ за набавка на батерии во вредност од над 14 милијарди долари.

Бидејќи и други компании планираат да се прошират во регионот, „Northvolt“ ќе треба да ги засили своите напори за да ја постигне целта на својот удел на пазарот до крајот на деценијата.

„Досега „Northvolt“ успеа да собере повеќе од 6,5 милијарди американски долари капитал и долг за да го спроведе својот план за проширување“, соопшти компанијата.

Средствата собрани во последната рунда на финансирање ќе бидат искористени за проширување на годишниот капацитет во фабриката „Northvolt Ett“ во Скелефтеа, Шведска, на 60 гигават часови.

„Имаме солидна основа на инвеститори од светска класа и клиенти кои ја делат мисијата на „Northvolt“ да ја изградат најзелената батерија на светот за да се овозможи транзиција на Европа кон обновлива енергија“, изјави Питер Карлсон, извршен директор на компанијата.

Фабриката во Скелефтеа ќе биде првото големо производство на „Northvolt“, кое се очекува да започне со производство на клетки до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП