Мексиканската телекомуникациска компанија „America Movil SAB“ објави дека има во план да направи понуда за купување на 70 проценти од „Royal KPN“ на цена од 2.40 евра за акција.
Така милијардерот Карлос Слим ќе го земе остатокот од акциите на холандската компанија во која купи малцински удел во минатата година.
„America Movil“ се стреми да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, на кој стапи пред една година, откако ги исцрпи можностите за превземања во Латинска Америка, каде што таа е најголемиот мобилен оператор.
Од „America Movil“ изјавија дека планираната понудата за KPN, од која во моментов поседува 29.77 проценти, претставува 35 проценти премија над просечната цена на акциите во последните 30 трговски сесии. Минатиот месец „America Movil“ беше ослободена од обврската да не го зголеми уделот во KPN до 30 проценти или повеќе, откако холандската компанија се согласи да го продаде својот германски мобилен бизнис „E-Plus“ на „Telefonica Deutschland“, единица на шпанската „Telefonica SA“.
„KPN“ е друштво со 160 годишна историја, како пред да биде приватизирана таа беше државното претпријатие за телекомуникации на Холандија. Денес нејзините акции се зголеми во цена со 15,95 проценти или до 2.32 евра по акција.