Наместо да купувате скапи креми и лосиони за вашето разубавување, погледнете во фрижидерот. Со помош на многу намирници може да изгледате поубаво и посвежо, вашата кожа и коса да сјаат, а ноктите да ви изгледаат перфектно.
Спанаќ
Oсвен што ќе ги зголеми вашите мускули, ќе донесе и сјај во вашите очи, поради содржината на каротеноид лутеинот кој влијае на чистотата на зеницата на окото. Зеленчукот богат со железо е идеален за во салати, варен или како додаток со стек.
Јајца

Железото кое се наоѓа во нив помага во спречувањето на опаѓањето на косата, а сулфурот во него, ја прави мека и мазна.
Банани
Овошјето кое ја прави вашата кожа убава и еластична. Доколку пушењето цигари, на пример, сериозно ја оштетува еластичноста на кожата, калиумот во бананите ќе помогне оштетеноста да се ублажи.
Црвена зелка

Оваа зелка е полна со сулфур и јод, кои се одлични за детоксикација на организмот. Со нејзината помош се чисти телото од токсините, што подоцна влијае и на кожата. Дококу имате акни и сакате да ги отстраните, најпрво ќе морате да го исчистите своето тело од отровите, а потоа да се борите и на другиот, надворешен фронт.
Репка
Репката е одличен сојузник во борбата да се зачува убавиот изглед. Коренот на репката содржи бетаин, биоактивна состојка, која помага да исчезнат мастите. Сокот од репка содржи еден вид на хлор, кој помага при варењето.
Гроздово масло

Ова масло има светло златна боја, и е совршено за салати. Тоа се користи и како додаток во козметичките препарати, бидејќи е богато со витамин Е, кој ја намалува појавата на брчки. Може да се користи еднакво како и маслиновото масло.
Мисирка
За да имате здрави нокти е особено важно да земате доволни количини на вода и протеини. За младешкиот изглед е заслужна исхраната богата со овошје и зеленчук, особено оној во светли бои, а месото од мисирка или мисиркината супа се исто така идеални за таа цел.