28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈААмериканскиот претседател Џо Бајден го прошири списокот на санкции со Преспанскиот и...

Американскиот претседател Џо Бајден го прошири списокот на санкции со Преспанскиот и Охридскиот договор

Американскиот претседател, Џо Бајден, го прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ја загрозуваат стабилноста на регионот, а во декретот се додадени Преспанскиот и Охридскиот договор.

Наредбата опфаќа и замрзанување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против договорите.

„Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавен со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 (Прекинување на итната состојба во врска со Југославија и модификација на Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001), согледувајќи ја ситуацијата на територијата на поранешна Социјална Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан) изминативе две децении и вклучувајќи го поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широкораспространетата корупција во разни влади и институции на Западнот Балкан, кои го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција на регионот во трансатлантските институции и затоа претставуваат несекојдневна и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во Извршната наредба.

Со Наредбата се предвидува санкционирање на кое било лице за кое Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е одговорно или соучесник, директно или индиректно вклучено во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западниот Балкан и ги поткопува демократските процеси и институции во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП