Хуманитарна трка долга 1,5 км. наменета за собирање донации за онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје ќе се одржи во сабота (12 јуни) на кејот на Вардар, пред хотелот „Парк“ со почеток во 10 часот.
На трката може да се пријават сите заинтересирани лица постари од 13 години, како и помлади лица во придружба на возрасен придружник. Котизацијата за трката е 200 денари и ќе се плаќа на самото место, пред почетокот на трката. За првите тројца што ќе ја завршат трката предвидени се подароци, а сите учесници по завршувањето на трката ќе добијат освежување, свежо овошје и здрава енергетска храна. Сите средства собрани од котизацијата за трката ќе се донираат на Детската клиника.

