28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОблачно време со врнежи од дожд, температурата до 30 степени

Облачно време со врнежи од дожд, температурата до 30 степени

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата во следните денови нема значително да се менува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП