25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИндискиот вид на коронавирус потврден во Македонија

Индискиот вид на коронавирус потврден во Македонија

Индискиот вид на коронавирусот е потврден во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Вирусот бил детектиран кај пациент кој се вратил од Ирак и кој се лекувал во приватна болница.

„Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница е детектирано присуство на индиски вид на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета што  ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде што претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата“, велат од Министерството.

Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП