25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпас за штитната жлезда и добра крвна слика: Природен лек од зелени...

Спас за штитната жлезда и добра крвна слика: Природен лек од зелени ореви

Младите зелени ореви имаат големо количество на витамин Ц, јод и многу други витамини, а комбинацијата на млади ореви и мед често се дава на болните, лицата со слаб имунитет и анемичните лица.

Оваа моќна комбинација воспоставува физичка и енергетска рамнотежа, ја зголемува хормонската активност, одлично делува кај сите проблеми со штитната жлезда, помага во обновувањето на клетките и го неутрализира делувањето на отровите.

Младите зелени ореви комбинирани со мед имаат позитивен ефект во случај на слабокрвност и помагаат во прочистувањето на црниот дроб, желудникот и крвта. Одлични се за проблемите во работата на штитната жлезда, за болното грло и респираторниот систем, особено при бронхитис, го зголемуваат имунитетот, помагаат при тегоби предизвикани од менопауза, дебелина и хронични респираторни болести…

Состојки: 40 млади зелени ореви во кора, 1 кг квалитетен мед

Подготовка: Младите ореви измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на четвртинки. Потоа ставете ги во стерилна тегла и прелијте ги со мед.

При сечењето користете ракавици бидејќи прстите ќе ви бидат црни.

Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои еден месец на сонце. Промучкајте ја повремено. Кога оревите стојат во теглата, тие го испуштаат својот лековит сок во медот, медот по овој процес ќе ја промени бојата. Извадете ги оревите, а сирупот е тоа што треба да го консумирате. Чувајте го на ладно и темно место.

Консумација: Се зема по една лажица дневно, најдобро наутро на празен стомак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП