25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Само да завршам факултет“ - Некогаш факултетите беа патот до добра заработка,...

„Само да завршам факултет“ – Некогаш факултетите беа патот до добра заработка, денес можат да бидат голема стапица

Некои студии покажуваат дека младите имаат се помалку причини да се посветат на високото образование.

Кај нас сè уште постои мислење дека најдобриот начин за добра плата и удобен живот е преку универзитетска диплома. Иако ова правило важеше со децении, денес има сè помалку добри аргументи за завршување на високо образование.

Во една голема студија откриени се неколку причини за деградација на факултетот.

Нема подобрување во вештините за критичко размислување

Резултатите од тестот „College Learning Assessment Plus (CLA+)“ покажаа загрижувачки резултати и тој беше спроведен во над 200 колеџи низ Америка.

„Во повеќе од половина од училиштата, најмалку третина од постарите ученици не беа во можност да направат кохезивен аргумент, да го проценат квалитетот на доказите во документот или да ги толкуваат податоците во табелата“, се наведува во студијата.

Да биде работата уште полоша, резултатите беа најлоши во најголемите водечки школи.

„На некои од најпрестижните водечки универзитети, резултатите од истражувањето покажуваат дека просечен дипломиран студент покажува мало или воопшто не покажува критичкото размислување за време на четиригодишното студирање“, се вели во извештајот.

Резултатите од тестот CLA+ покажаа дека многу студенти всушност не учат вредни вештини на факултет, кои ќе им помогнат во нивниот иден работен ангажман.

Како што овие дипломирани студенти влегуваат во работната средина и откриваат дека ги немаат потребните вештини за работните места што ги извршуваат, работодавците се помалку сакаат да ги задржат на работа.

Стручните училишта и самообразованието нудат подобри и подобри животни можности

Оние што ги напуштаат факултетите се подобро се снаоѓаат, уривајќи ги досегашните стереотипи. Некои млади луѓе целосно го прескокнуваат факултетот за да ги остварат своите деловни идеи.

Многумина избираат и занаетчиски училишта, за кои е потребно помалку време и пари, и со кои дипломците стекнуваат одредени корисни вештини. Дипломираните студенти на занаетчиските училишта доаѓаат подготвени за индустријата во која влегуваат, каде што можат да заработат многу повисоки плати од повеќето високо образовани луѓе.

Овој тренд е далеку поизразен на запад, поради што многу социолози, психолози и педагози изразија загриженост.

Така, сè повеќе софтверски инженери, медицински лица или адвокати завршија на занаетчиски или услужни работни места, кои се далеку повеќе платени од професијата за која се школувале.

Школарините растат, идната заработувачка сè помала

Забележани се и финансиските последици од овие трендови. Иако школарините стануваат поскапи, потенцијалната заработка на дипломираните студенти не оди во чекор. Постојат многу варијации помеѓу факултетите и смеровите, но целокупниот тренд е дека високообразованите луѓе заработуваат сè помалку.

На Запад, студентите често се задолжуваат за да плаќаат за скапи студии. Иако ова не е чест случај во Македонија нас, и тука се зголемуваат цените на школарината.

Она што е уште позагрижувачко е што, дури и кога ќе завршат на престижни училишта, високообразованите луѓе денес не заработуваат исто или повеќе од останатите. Напротив, се пореална е сликата дека нивните приходи се пониски од оние кои не „губеа време“ на завршување на студиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП