19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто влијае на развојот на интелигенцијата кај децата?

Што влијае на развојот на интелигенцијата кај децата?

Истражување на универзитет во Финска покажало дека здравата исхрана влијае на нивото на интелигенција кај децата.

Истражувањето покажа дека детската диета влијае за подобро читање и пишување.

Во студијата биле вклучени 161 дете, на возраст меѓу шест и осум години и истите деца биле следени од страна на истражувачите во период од прво до трето одделение.

Квалитетот на нивната исхрана е анализиран со помош на дневник на исхраната, а успехот постигнат во училиште е анализиран со помош на тестови.

Диетата подразбирала овошје, риба, интегрални житарки, незаситени масти.

Децата кои се придржувале до овој начин на исхрана со најдобар успех ги положиле тестовите за читање и пишување.

Резултатите од истражувањето не се поврзани со социјалниот статус на детето, физичката активност и телесната градба. Тие се поврзани со исклучително здравата исхрана, вели доктор Еро Хапала од универзитетот.

Научниците заклучиле дена здравата исхрана е важен фактор за учењето и способноста на детето. Родителите, но и училиштата треба да им овозможат на децата здрава храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП