4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМајка на 10-месечно бебе е жената дарител која спаси три човечки животи

Мајка на 10-месечно бебе е жената дарител која спаси три човечки животи

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи информираше дека остварил средба со семејството на починатата жена чии срце и бубрези беа донирани.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената дарител на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша на социјалните мрежи министерот.

Филипче денеска изјави и дека состојбата на 39-годишната пациентка на која ` беше трансплантирано срцето е во стабилна состојба и оти сите параметри се добри.

Третата трансплантација на срце во земјава беше извршена во неделата и истата траеше пет часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП