Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

