28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАУНЕСКО повторно препорача Охрид да се стави на листата на светско наследство...

УНЕСКО повторно препорача Охрид да се стави на листата на светско наследство во опасност

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на 125 страници на Реактивната мониторинг-мисија, која го посети Охридскиот Регион во јануари минатата година. Најновиот извештај повторно укажува дека Охридскиот Регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност.

Во извештајот се бара забрзано спроведување десетици препораки упатени до властите во Македонија и Албанија, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето, пренесе „Дојче веле“.

Заклучокот на Мисијата е дека препораките за надминување на ранливоста и заканите дадени уште во 2017 година не се исполнети, а се појавуваат и нови.

Се наведува дека пописот на дивоградбите е чекор напред, но рушењето на бесправно изградените објекти се одвива многу бавно. Се бара да се забрза рушењето на терасите изградени на брегот на Охридското Езеро, кои на места навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани не само во Охрид туку и во Струга, каде што како пример се посочува Радожда со најголем број изградени ресторани на крајбрежјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП