26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОвие тајни за цвеќињата ги знаат само експертите: Пробајте ги и сите...

Овие тајни за цвеќињата ги знаат само експертите: Пробајте ги и сите ќе ви завидуваат на растенијата!

Експертите открија неколку одлични трикови со кои цвеќињата напредуваат со невидена брзина!

За да можат домашните растенија да изгледаат убаво и да го украсуваат просторот, мора да се грижиме за нив. Не е секогаш едноставно затоа што ни се чини дека и покрај сите наши грижи, редовно наводнување, кастрење … тие сепак не „работат“ како што треба.

Лушпа од јајце

Лушпите од јајца обично се фрлаат, а всушност можеме да ги користиме како природно ѓубриво за домашни растенија. Лушпите содржат многу калциум и спречуваат гниење на коренот, истовремено бркаат полжави од растенијата.

Пред да ги додадете на цвеќето, чувајте ги лушпите во вода пет или шест дена, а потоа додадете ги во земјата – тоа можете да го правите еднаш неделно.

Покрај тоа, можете да ја користите и водата во која сте ја чувале лушпата. Измешајте проточна вода со водата во која сте ја чувале лушпата од јајце во сооднос од 5: 1 и така воднете ги растенијата – добро е за коренот, а растението исто така ќе биде подебело, грмушкасто.

Вода од варени јајца

По готвењето на јајцата, зачувајте ја водата за наводнување на цвеќето, бидејќи е полно со калциум, од кој растенијата имаат многу придобивки.

Секако, оставете ја водата да се излади целосно пред да ги навадите растенијата.

Аспирин за посилен имунитет на растенијата

Истражувањата покажуваат дека кога водата во која се раствора аспирин се прска врз семето на растението засадено во земјата, ртењето е 100 проценти подобро.

Попрскајте ги растенијата со оваа вода еднаш на секои три недели, со цел да се зајакне имунитетот на растението и да се стимулира цветањето.

Еден аспирин е доволен за 4,5 литри вода.

Шајки за подобра земја

Железото им помага на растенијата да произведат хлорофил, што е храна за растенијата. Логично, колку повеќе храна, толку побрзо растението ќе се развива и расте.

Затоа експертите ве советуваат да ставите шајки во земјата, со цел да ја збогатите со железо. Опкружете го растението со шајки што ќе ги забодете во земјата – точно колку ќе ви треба зависи од големината на растението и садот, но приближно седум или осум шајки ќе бидат доволно.

Талогот од кафе е храна за растенијата

Кога пиете кафе, наместо да ги истурате остатоците, нахранете ги растенијата со него. Експертите велат дека ова е одлично природно ѓубриво за растенијата бидејќи содржи три многу важни компоненти што им се потребни – азот, калиум и фосфор.

Ако го додадете ова ѓубриво во почвата, растението ќе расте побрзо и ќе биде погусто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП