14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската криза продолжува и во 2014

Економската криза продолжува и во 2014

economic-crisis

Продолжува кризата во 2014, уште пет милиони луѓе ќе останат без работа. Од почетокот на појавата на економската  криза, па се до денес, без работа останале 28 милиони луѓе!

Меѓународната организација на трудот направила споредба на бројkите од крајот на 2007 година до денес. Според анализите на МОТ, последиците од светската криза ќе се чувствуваат и понатаму. МОТ кој делува во склоп со Соединетите народи, предвидува раст на невработеноста во оваа година и смета дека ширум светот ќе бидат укинати уште 5,1 милиони работни места.

Негативниот тренд продолжува и во 2014 година.

Дојче Веле кој го пренесува извештајот од МОТ, нагласува дека песимистичките бројки се резервирани и за 2014 година.

„Се отвараат се помалку работни места и се продолжува времетраењето на невработеноста“, рече шефот на МОТ. Освен губитокот на работните места, поразно звучи и резултатот од анализата која покажува дека околу 39 милиони невработени престанале со нивната потрага по работа, бидејќи изгубиле надеж дека некогаш ќе ја најдат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП