20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрагична вест: Ракометниот голман Никола Даниловски се удавил во Охридско езеро

Трагична вест: Ракометниот голман Никола Даниловски се удавил во Охридско езеро

Црна вест пристигна утринава од Охрид. Голманот на ракометниот клуб Охрид и повремен член на репрезентацијата, 24-годишниот Никола Даниловски бил пронајден удавен во водите на Охридското езеро, кај месноста Лагадин.

Информациите се дека на телото на Даниловски немало траги од насилство, но засега не се познати причините поради кои настанала смртта.

Даниловски денеска не присуствувал на утринскиот тренинг на Охрид, бил недостапен на телефонот, а трагата му се губи од вчера попладне.

Младиот перспективен голман кој беше на поширокиот список кај селекторите Брестовац и Лазаров потекнува од школата на скопски Металург.

Кратко настапуваше и за Пелистер, а вечерва требаше со својот актуелен клуб Охрид да го игра локалното „езерско дерби“ против Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП