Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, по должина на Повардарието, умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

