16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПравата вистина за стапчињата за уши

Правата вистина за стапчињата за уши

Експертите уште еднаш предупредија да го избегнуваме користењето на стапчињата за уши.

Стапчињата за уши предизвикуваат штета со туркањето на восокот во ушниот канал и наместо да го извадат ушниот восок тие го потиснуваат уште подлабоко во каналот.

Националниот институт за здравје и нега во Велика Британија вели дека и испирањето на ушите со голем метален шприц кој со вода го чисти восокот е потенцијално штетен и дека не смее да се спроведува.

Експертите наведуваат дека ушниот канал сам се чисти, а дека вишокот восок отпаѓа, и дека површината на увото треба да се чисти единствено и исклучиво со влажен пешкир.

Рачното чистење предизвикува траума и иритација на увото, а тоа го потврди и студијата која ја спроведе Институтот.

„Совет за сите е да не ставаат ништо во ушниот канал бидејќи тој сам се чисти, а се што е пожелно е со влажен пешкир само да поминете преку површината“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП