28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАПристигнаа нови 10.530 вакцини на „Фајзер“

Пристигнаа нови 10.530 вакцини на „Фајзер“

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер“, соопшти попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Од новите вакцини, 5.850 се набавени преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Филипче информираше дека количините на вакцини постојано се дополнуваат, и упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП