28 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: Убедете ги вашите пријатели и блиски кои се двоумат да се...

Филипче: Убедете ги вашите пријатели и блиски кои се двоумат да се вакцинираат

Министерот за здравство, Венко Филипче оцени дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината.

„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“.

Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот онаков каков што го знаеме, да ги вратиме дружбите,прославите и забавите.

„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“ – вели Филипче.

Тој ги повикува сите граѓани да бидат амбасадори на имунизацијата и во што поголем број да се пријавата на сајтот www.vakicnacija.mk и да ги поттикнат и убедат своите сограѓани да го направат истото.

„Разговарајте со вашите пријатели и блиски или со оние кои се уште се двоумат дали да се вакцинираат и пренесете има ја пораката зошто е важно секој да се вакцинира. Бидете амбасадори на имунизацијата која значи враќање на безбедноста и слободата. Да си помогнеме себеси и на другите, да се вакцинираме и да се заштитиме“,  истакнува министерот Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП