среда, 1 февруари 2023
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„POCO“ го лансираше „M3 Pro 5G“ (ФОТО/ВИДЕО)

„POCO“ го лансираше „M3 Pro 5G“ (ФОТО/ВИДЕО)

Опремен со водечкиот процесор „MediaTek Dimensity 700 5G“, со двојна „SIM“ и екран што поддржува непречен 90Hz, компанијата наведува дека има оптимална потрошувачка и екстремно долг век на траење на батеријата.

Популарната технолошка марка, која е насочена кон помладата публика, го претстави својот нов уред „POCO M3 Pro 5G“.

„Задоволни сме да објавиме дека на 6-ти мај 2021-ва година, „POCO“ испорача над 17 милиони уреди, почнувајќи од 2018-та година и го лансираше нашиот прв телефон „POCO F1““, рече Кевин Киу, извршен директор на „POCO Global“.

За прв пат, „POCO“ ја користи технологијата на „MediaTek Dimensity“. За процесорот „Dimensity 700“ се вели дека обезбедува врвни перформанси додека одржува пониска потрошувачка за подолго траење на батеријата. Заедно со комплетно новата технологија за складирање „UFS 2.2“, вклучително и „IR blaster“, „NFC“ и 3,5 mm приклучок за слушалки – компанијата го гледа „POCO M3 Pro 5G“ со овој чипсет, како универзален војник, за кој посочуваат дека е центар на забава, а без проблеми ги вчитува графичките побарувања на игрите, видео датотеките и уште многу тоа.

Покрај стапката на освежување од 90Hz, „POCO M3 Pro 5G“ исто така носи и технологија „DynamicSwitch“ која овозможува на екранот автоматски да се префрла помеѓу 90Hz, 60Hz, 50Hz и 30Hz, со што се заштедува енергија од батеријата.

„POCO“ наведува дека батеријата од 5.000 mAh може да трае неколку дена. Достапна е тројна низа камери со главна камера од 48MP, заедно со макро камера од 2MP и сензор за длабочина од 2MP. Со поддршка за брзо полнење од 18W и полнач од 22,5 W што доаѓа заедно со телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП