4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку долго смеете да седите со прекрстени нозе?

Колку долго смеете да седите со прекрстени нозе?

Здравствените експерти со години не предупредуваат дека седењето со прекрстени нозе му штети на здравјето, како на вените така и на грбот, и дека предизвикува појава на целулит.

Меѓутоа новото истражување дојде до заклучок дека таа положба е штетна единствено ако во неа седиме подолго од одредено време.

Анализирајќи ги податоците од истражувањето кое се занимаваше со предизвикувачите на појава на варикозни вени, оштетување на нервите и високиот крвен притисок, научниците, дојдоа до заклучок дека седењето со прекрстени нозе не ги предизвикува тие здравствени проблеми, но само ако не седите во таа положба подолго од одредено време, односно додека не започне да ви трне местото.

Имено, предолгото седење во било која положба може да предизвика отапување на нервите поради што исчезнува чувството во нозете.

Во врска со дилемата што тогаш ги предизвикува варикозните вени, експеритте имаат поделени мислења – едни тврдат дека виновникот лежи во генетиката, додека други велат дека предолгото седење со прекрстените нозе може да предизвика оштетување на вените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП