19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче Телеком го лансира Проектот Futureproof за поддршка на Генерацијата Z

Дојче Телеком го лансира Проектот Futureproof за поддршка на Генерацијата Z

  • Според истражувањето на Дојче Телеком младите се сè повеќе загрижени за својата перспектива
  • Проектот Futureproof е платформа којашто ги открива вештините на младите луѓе и им помага во изборот на идната кариера

Проектот Futureproof на Дојче Телеком, поддржан од Били Ајлиш -седумкратната добитничка на Греми, има за цел да го искористи дигиталниот оптимизам за да овозможи успешна иднина за следната генерација – Генерацијата Z.

Проектот е платформа за поддршка којашто е развиена за да го демонстрира огромниот потенцијал на Генерацијата Z, да ги открие вештините на младите и да им помогне да го идентификуваат нивниот иден кариерен пат. Развиен е во соработка со припадници на генерацијата Z и група на експерти за стручни вештини и вработување.

„Иднината е неизвесна“, вели Били Ајлиш, „но јас секогаш се инспирирам од она што нашата генерација може да го постигне и покрај тоа што е соочена со многубројни предизвици“.

Во постпандемискиот свет, младата генерација се соочува со многу културни, социјални и економски неизвесности. Истражувањето коешто го спроведе Дојче Телеком со 4000 млади луѓе на возраст од 16 до 26 години покажува дека 61% од европските припадници на Генерацијата Z се загрижени за  својата перспектива и изборот на кариера. 54% не се сигурни какви сѐ кариери ќе постојат во иднина, а 43% изјавиле дека не се сигурни дали ги поседуваат квалитетите коишто се потребни за да успеат.

Светот во кој Генерацијата Z треба да почне да работи ќе биде фундаментално променет, како од пандемијата на Ковид-19, така и од дигиталната трансформација.

Токму затоа е создадена дигиталната алатка со слободен пристап којашто ѝ помага на Генерацијата Z подобро да ги разбере своите потенцијали и најдобро да ги искористи.  Оваа алатка ги идентификува клучните трендови и промени во светот и им помага на младите да откријат како најдобро личните пасии, вештини и таленти да ги искористат за својот професионален развој.

Заедно со алатката, онлајн центарот на Проектот Futureproof содржи и корисни совети за пишување професионални биографии, подготвување за интервјуа за работа и подобрување на профилите на социјалните медиуми.

Ова е продолжување на сорабoтката на Дојче Телеком со Били Ајлиш.  Во 2020 година, кампањата ја потенцираше моќта и потенцијалот на поврзаната технологија за младите.

Проектот Futureproof е следна фаза од мисијата на Дојче Телеком да ја поддржи Генерацијата Z и да им овозможи еднакво учество во социјалниот, економскиот и културниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП