24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХипертензијата влијае на интимните односи: Жените го губат либидото, а еве што...

Хипертензијата влијае на интимните односи: Жените го губат либидото, а еве што се случува со мажите

Сексуалната дисфункција ги погодува и мажите и жените кои имаат висок крвен притисок.

Високиот крвен притисок може да произведе многу непријатни симптоми, а познато е дека предизвикува сексуални проблеми кај мажите, но и кај жените.

Високиот крвен притисок е процес во кој силата која ги притиска ѕидовите на артериите е преголема. Ова значи дека срцето треба да работи понапорно за да испумпува крв што може да доведе до срцев удар. Поради отсуство на предупредувачки знаци, високиот крвен притисок се нарекува „тивок убиец“. Сепак, хипертензијата може да предизвика и сексуални проблеми.

Симптоми кај мажите

Со текот на времето, високиот крвен притисок ја оштетува мукозната мембрана на крвните садови и доведува до стеснување на артериите (атеросклероза), ограничувајќи го протокот на крв, наведуваат од клиниката Мејо. Ова значи дека помалку крв може да стигне до пенисот. За некои мажи, намалениот проток на крв го отежнува постигнувањето и одржувањето на ерекцијата – често наречена еректилна дисфункција, и овој проблем е доста чест.

Високиот крвен притисок, исто така може да пречи на ејакулацијата и да ја намали сексуалната желба.

Студија во списанието на Американското здружение за геријатрија откри дека околу 49 проценти од мажите на возраст од 40 до 79 години со висок крвен притисок имале еректилна дисфункција. Високиот крвен притисок спречува проширување на артериите, така што крвта може потешко да стигне до пенисот. Како резултат, во пенисот не доаѓа доволно крв за да може да функционира.

Симптоми кај жените

Ефектот на висок крвен притисок врз сексуалните проблеми кај жените не е целосно разбирлив, наведуваат од клиниката Мејо. Но, можно е високиот крвен притисок да влијае на сексуалниот живот на жената.

Може да го намали протокот на крв во вагината. Некои жени доживуваат намалена сексуална желба или возбуда, сувост на вагината или потешкотии во постигнувањето оргазам.

Како и мажите, и жените можат да доживеат вознемиреност и проблеми поради сексуална дисфункција. Жените треба да разговараат со својот лекар ако се соочат со овие потешкотии. Хипертензијата како фактор на ризик за сексуална дисфункција кај жените е понатаму е во тек на истражување.

Студија испитала примероци од 54 пациенти со хипертензија и 54 пациенти со нормотензија. Откриено е дека кај хипертензивни пациенти, 63 проценти покажале сексуална дисфункција за разлика од 39 проценти од нормотензивните пациенти. Хипертензивните жени имале 1,67 веројатност да покажат дисфункција отколку жените со нормален крвен притисок.

Како да се ублажат симптомите на сексуална дисфункција?

Здравата, урамнотежена исхрана треба да биде дополнета со редовно вежбање. Според британската национална здравствена служба (NHS), активното и редовно вежбање го намалува крвниот притисок и ги одржува срцето и крвните садови во добра состојба. Редовното вежбање исто така може да ви помогне да изгубите тежина, што ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок.

Возрасните треба да прават најмалку 150 минути вежби со умерен интензитет, како што се велосипедизам или брзо одење, секоја недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП