18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја напушти земјата во рок од седум дена.

Како што соопшти македонското МНР, на 14 мај бил повикан амбасадорот на Руската федерација, при што била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти земјата.

Министерството нагласува дека одлуката е донесена во согласност со членот 9 од виенската конвенција за дипломатски односи.

Неофицијално, причина за протерувањето се активности што не биле во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП