20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на еврозоната 90 % од БДП

Јавниот долг на еврозоната 90 % од БДП

grafikon1

Јавниот долг на еврозоната во третиот квартал од минатата година достигна 90 проценти од БДП, што е повеќе од 89,9 проценти, колку што беше на крајот од вториот квартал.

Како што објавуваат од Европскиот завод за статистика (Еуростат), во апсолутна вредност, јавниот долг достигнал 8,524 милијарди евра. Гледано по земји, најголема стапка на јавен долг во однос на БДП има Грција (152,6 проценти), потоа Италија (127,3 проценти), Португалија (120,3 проценти) и Ирска (117 проценти).

Најнизок долг според БДП во третиот квартал имала Естонија (9,6 проценти) и Луксембург (20,9 проценти). Во цела ЕУ, во третиот квартал јавниот долг достигна 85,1 процент од БДП, додека во претходните три месеци изнесуваше 85 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП