22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој симптом често го игнорираме: Ако го забележите, треба веднаш да одите...

Овој симптом често го игнорираме: Ако го забележите, треба веднаш да одите на лекар!

Постојано високиот пулс на срцето може да укаже на проблеми со тироидната жлезда.

Никој не обрнува внимание на овој симптом, а укажува на тешка состојба.

Постојано високиот пулс може да укаже на проблеми со тироидната жлезда, како и анемија и развој на тахикардија, вели познатиот кардиолог д-р Салим Јусуф.

А, кои вредности на пулсот сметаме дека се забрзани?

Јусуф вели дека вредностите од 60-80 отчукувања во минута се сметаат за нормални за здрава особа во мирување. Меѓутоа, ако пулсот е секогаш околу 100 отчукувања, тоа може да биде знак за развој на одредени болести.

„Најчеста причина за овој феномен е нарушување на тироидната жлезда“, вели кардиологот, додавајќи дека точна дијагноза не може да се постави без анализа на TSH хормонот од крвта (стимулирачки хормон на тироидната жлезда).

„Друга можна причина за забрзано чукање на срцето е анемијата“, истакнува д-р Јусуф, додавајќи дека на овој начин телото се обидува да го надомести недостатокот на кислород.

„Третата најчеста причина за забрзан пулс е постојаната вознемиреност што ја доживува една личност. Ова може да доведе до развој на тахикардија “, предупреди докторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП