3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенските државни службеници штрајкуваат против мерките за штедење

Словенските државни службеници штрајкуваат против мерките за штедење

slovenciproteststedenje

Околу 100.000 државни службеници излегоа денеска на штрајк во знак на протест против строгите мерки за штедење, преземени од Владата.

Во меѓувреме, малиот коалициски партнер во Владата – партијата „Граѓанска листа“ се закани дека ќе ја напушти коалицијата ако премиерот Јанез Јанша не поднесе оставка.

Бројот на штрајкувачите ги покрива очекувањата на синдикатите, кои вчера по преговорите со Кабинетот на Јанша, најавија дека очекуваат околу 100.000 од вкупно 160.000 државни службеници да се вклучат во штрајкот.

Нема да работат училиштата и градинките, а здравствените установи ќе примаат само итни случаи.

Штрајкуваат и пожарникари, општински службеници, полицијата и царината и затоа може да се очекуваат задржувања на граничните пунктови со Хрватска.

Само 18 детски градинки и училишта соопштија дека нема да учествуваат во штрајкот.

Главна причина за штрајкот е буџетот за годинава, кој предвидува намалување на платите на државните службеници за пет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП