25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАГрчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони.

По застојот што настана изутринава поради тоа што граничните служби не добиле известување дека е дозволен влез во земјата за странски државјани, тамошните власти го известија македонското Министерство за внатрешни работи дека проблемот е надминат, а влезот е непречен.

Граѓаните што ќе патуваат во Грција ќе треба да пополнат и електронски формулар пред да ја поминат границата.

„Денеска, од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот дозволен им е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, на граѓаните од трети земји и на граѓаните од Република Северна Македонија преку ГП Евзони. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку Евзони со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ”, велат од МВР.

Оваа мерка ќе се применува до 24.5.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 7 до 23 часот (по грчко време) или од 6 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа.

Претходно, повеќето од граѓаните што утринава чекаа на границата се вратија дома откако граничните службеници кажаа дека дозвола од Атина за пуштање странци во Грција ќе добијат доцна вечерва или изутрина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП