На првите три ката во познатото лондонско обележје Свети Панкрас Пентхаус се наоѓа еден од најлуксузните апартмани кои можат да се купат во Лондон.
Овој проект е првична идеја на луѓето од „Freshome“, a подоцна на преуредување на местото работи „TG Studio“.
Сите кои работеле на креирање на овој проект се соочиле со неколку предизвици како тоа што оваа градба претставува јавен имот и е прогласена за национално богатство, па предизвикот бил да се направи план како се да изгледа совршено, а при тоа да не се менува градбата, ниту од надворешна, ниту од внатрешна страна.
Единствено што е изменето од првичната градба, се внатрешните скали кои се додадени да ги поврзуваат сите три ката.
Средниот кат е централниот дел и фокусна точка на апартманот и има површина од околу 800 m2. Овде има зона за седење и опуштање и маса за билијард.
Бањата е лоцирана врз двете готски кули и има тројно повисоки тавани од обичните простории. Висината на која е поставена бањата нуди прекрасен видик на околината.
Шарена и модерна, а истовремено со задржана традиционална вредност и без големи измени Свети Панкрас Пентхаус е место каде секој би сакал да живее.