17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ работи на хибридна преносна конзола со „RayTracing“

„Apple“ работи на хибридна преносна конзола со „RayTracing“

Во јули 2020-та година, имаше гласини дека „Apple“ наводно работи на конзола за игри базирана на „ARM“, а сега излегоа и дополнителни гласини дека се подготвува хибридна конзола како „Nintendo Switch“.

Веста доаѓа од корејската веб-страница „Clien“ и наведува дека „Apple“ користи нов сопствен „SoC“ со подобрени перформанси на графичкиот процесор и поддршка за „RayTracing“.

Ова значи дека „Apple“ нема да користи еден од сегашните „А“ или „М“ процесори, вклучувајќи го и новиот чип „Apple M2“ што ќе ја лансира следната генерација на нивните производи подоцна оваа година и во 2022-ра година.

„Apple“, наводно, разговара за идните игри наслови за своите преносни конзоли, здружувајќи се со „Ubisoft“. На програмерите, наводно, им биле испратени „Apple TV“ со чипови „A14X Bionic“ за тестирање во рамките на подготовките за новата конзола. Можно е никогаш да не ја видиме конзолата на „Apple“, но се чини дека ова е идеален момент за „Apple“ да влезе и на овој пазар.

Со оглед на тоа што „Bungie“ ја направи „Halo“ играта за „Apple Mac“ пред „Microsoft“ да ја купи компанијата и практично да го заснова успехот на „Xbox“ на играта „Halo“, нема сомнение дека кога „Apple“ прави нешто, тоа го работи за да постигне голем успех. Можеме само да се надеваме дека така ќе биде и овојпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП