27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтер руши рекорди: По што се разликува од биткоинот?

Етер руши рекорди: По што се разликува од биткоинот?

Етер, втората криптовалута во светот по вредност, почнува да ја „краде“ славата на многу попознатиот биткоин.

Таа дигитална валута ја прескокна магичната граница од 4.000 долари во понеделникот и сега е во плус над 450 проценти од почетокот на оваа година, пишува CNBC.

Точно, тоа не е ни близу да скокот на криптовалутата инспирарана од меме – догикоинот, која зајакна неверојатни 11 илјади проценки од почетокот на годината. Но, многу инвеститори во криптовалути го отфрлаат догикоинот сметајки го за шега и го споредуваат неговиот раст со лудилото за тргување што ги надувува цените на Gamestop и другите акции поврзани со случајот Reddit.

Како започна сè

Етер е „домашна“ валута на етереумот, блокчејн платформа со отворен код. Етереум беше лансиран во 2013 година од руско-канадскиот програмер Виталик Бутерин и неколку други крипто-претприемачи.

За Бутерин, функционалноста на биткоинот е премногу ограничена. Во интервју за Бизнис Инсајдер, тој го спореди со џебен калкулатор кој „прави една работа добро“, додека за етереум рече дека тоа е повеќе како паметен телефон со многу апликации кои можете да ги користите.

Ова е главната премиса на етереумот. Како и биткоинот, тој се заснова на блокчејн технологија – во суштина компјутерска мрежа која бележи трансакции со криптовалути. Но, за разлика од биткоинот, луѓето можат да градат апликации на етереум.

Според самиот Бутерин, етереумот е „еден блок-синџир со вграден програмски јазик“ и „најлогичен начин да се направи платформа која може да се користи за многу други видови апликации“.

Паметни договори

Мрежата на етереиумот е домаќин на она што е познато како „паметни договори“ – збирки кодови кои пренесуваат збир на инструкции и работат на блокчејн.

Овие договори ги водат децентрализираните апликации (dapps), кои се слични на апликациите за паметни телефони со оперативниот систем Android на Google или IOS на Apple, освен што тие немаат никаква врска со било која компанија или влада.

Во последно време, активноста на мрежата на етереумот драматично се зголеми благодарение на зголемената популарност на NFT (незаменливи белези), кои се дигитален начин да се претстави сопственоста на уникатни предмети во виртуелниот свет. Ова е така затоа што многу NFT-ови користат етереум.

Едноставно кажано, биткоинот е мрежа за плаќање која може да се користи за размена на вредност помеѓу две лица насекаде во светот. Денес главно се користи за инвестирање.

Етереум, од друга страна, има за цел да создаде инфраструктура на интернет со која не управува ниту еден орган.

Еден голем тренд сега во етереум е децентрализирано финансирање, термин кој се однесува на класични финансиски производи како што се заеми или хипотеки кои се засноваат на употреба на блокчејн, пишува CNBC. Во овој случај, блокчејн ги заменува посредниците – од банки до влади – и снима сè.

Критики

Сепак, етереумот е далеку од совршен. Така, популарноста на играта CryptoKitties во 2017 година предизвика голем метеж на мрежата, значително забавувајќи ги трансакциите и доведувајќи ги дивилоперите на игри да ги зголемат цените.

Приспособливоста е едно од најголемите проблеми на мрежата на етереум денес.

Протокол за доказ за работа, сличен на биткоинот. Ова значи дека рударите на криптовалути со наменски изградени компјутери мора да се натпреваруваат за да решат сложени математички загатки за да ги потврдат трансакциите.

Ова доведе до критика и на биткоинот и на етереумот од оние кои се загрижени за огромната потрошувачка на енергија во двете мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП