27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид-центрите во Скопје и во државата е сѐ помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

„Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите, освен дел од одделението ТОАРИЛУЦ, се вратени во функција. Заводот за рехабилитација – Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од Ковид-19 и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле и на дел од одделенијата во зградата на интерните клиники. Клиниките за оториноларингологија и офталмологија исто се враќаат во функција до крајот на неделата. Продолжува намалувањето на притисокот врз болниците во државата. Повеќе од половина од капацитетите се слободни и се враќаат во нормална работа и другите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите“, изјави Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП