20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА објави аудио запис од летот на хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс(ВИДЕО)

НАСА објави аудио запис од летот на хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс(ВИДЕО)

НАСА во петокот го објави првиот аудио запис од четвртиот пробен лет на мини хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс извршен на 30 април, соопшти американската вселенска агенција.

Звукот на пропелерите на хеликоптерот што вртеа повеќе од 2.500 вртежи во минута едвај се слуша, бидејки хеликоптерот, тежок само 1,8 килограми, беше оддалечен повеќе од 80 стапки од микрофонот на роверот „Perseverance“.

Налетите на ветрот исто така го придушуваа звукот на хеликоптерот.

Ова е прва аудио-снимка од лет на Марс, но иако едвај се слуша, претставува „многу убаво изненадување“, рече планетарниот научник Дејвид Мимун.

„Направивме експерименти и симулации кои покажаа дека микрофоно тешко ќе може да го фати звукот на хеликоптерот бидејќи атмосферата на Марс е таква што го пригушува ширењето на звукот. Имаме среќа што го снимивме звукот на тоа растојание “, рече Мимун.

Тој посочува дека аудио-снимката е „златен рудник за разбирање на атмосферата на Марс“.

Иако „Ingenuity“ е многу лесен, тој е доволно цврст да издржи на силниот ветер и студот на Марс.

Роверот Perseverance е тежок околу 1.000 килограми и е со големина на помал автомобил, а за да стигне до Црвената планета мораше да помине 472 милиони километри за 203 дена.

Слета на исушено езеро со дијаметар од 45 километри наречено Кретер Езеро. Тие ќе го проучуваат во текот на следните две години.

За развој и изградба на роверот беа потребни осум години, а целиот проект чинеше 2,5 милијарди долари.

Мисијата на Perseverance е да бара траги од микробиолошки живот на Марс и да ги проучува климата и геологијата на планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП