27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАДосега во земјава аплицирани 118.984 дози вакцини, две дози примиле 21.890 граѓани

Досега во земјава аплицирани 118.984 дози вакцини, две дози примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што се наведува, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП