Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува.
Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.