19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилјареал спречи англиско финале во Лига Европа, Рома се прости со победа...

Вилјареал спречи англиско финале во Лига Европа, Рома се прости со победа над Јунајтед

Вилјареал на Унаи Емери успеа да одигра 0:0 на гостувањето на „Емирати“ за да се пласира во финалето на Лига Европа, откако во првиот меч го совлада дома Арсенал со 2:1, за да спречи вкупна англиска доминација во европските финалиња, и сега ќе игра со Манчестер јунајтед во финалето во Гдањск, откако „ѓаволите“ загубија со 3:2 на гостувањето кај Рома, откако дома ја декласираа со 6:2.

Со оглед дека во финалето на Лигата на шампионите ќе играат Челси и Манчестер сити, Арсенал требаше да дојде до минимална 1:0 победа за да осигура и англиско финале во Лига Европа, но цврстиот тим на Вилјареал изддржа на гостувањето за прво европско финале во 98-годишната историја на шпанскиот клуб.

Многу поактивно беше на „Олимпико“, каде што Рома со 3:2 триумф се прости од европските натпреварувања, откако беше тешко да се верува дека може да се вратат по 2:6 понижувањето на „Олд Трафорд“. Единсон Кавани постигна два гола за Јунајтед, но тоа не беше доволно за победа, откако Един Џеко, Брајан Кристанте и Никола Залевски донесоа победа за Пауло Фонсека во еден од неговите последни мечеви на клупата на „волчицата“.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Арсенал – Вилјареал 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2

Рома – Манчестер јунајтед 3:2, прв меч 2:6, вкупно 5:8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП