12 мај, 2025
ПочетнаКОРОНАНови 323 заразени од Ковид-19, починаа 24 лица

Нови 323 заразени од Ковид-19, починаа 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1 лице.

Според Министерството за здравство, регистрирани се 714 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1 лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32, 53, 68, 71, 73, 83, 87 и 87), 4 починати лица од Битола (72, 73, 81 и 82), по 2 од Струмица (71 и 71), Прилеп (72 и 80) и Куманово (62 и 72) и по 1 починато лице од Штип (87), Тетово (75), Гостивар (64), Кочани (64), Охрид (72) и Струга (71). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Направени се 2.928 теста преку: ИЈЗ – 433, ЦЈЗ Скопје – 63, ЦЈЗ Битола – 62, ЦЈЗ Прилеп – 23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ „8 Септември“ – 9, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 147, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Авицена“ – 253, „Биотек“ – 258, „Систина“ – 243, лабораторија „Лаор“ – 273, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 50, „Плодност“ – 47, „Генеа“ – 25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 792.

Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754, велат од Здравство.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67.612, активни 5.916

Куманово 8.607, активни 969

Прилеп 8.210, активни 530

Тетово 7.136, активни 507

Битола 6.186, активни 792

Велес 5.423, активни 447

Гостивар 5.135, активни 330

Кавадарци 5.129, активни 313

Охрид 4.932, активни 449

Штип 4.910, активни 288

Струмица 4.038, активни 243

Струга 2.949, активни 153

Кочани 2.741, активни 176

Кичево 2.488, активни 256

Гевгелија 2.179, активни 196

Неготино 2.167, активни 174

Свети Николе 1.499, активни 103

Ресен 1.216, активни 193

Крива Паланка 1.210, активни 48

Радовиш 1.098, активни 85

Берово 1.018, активни 30

Делчево 956, активни 78

Дебар 931, активни 25

Виница 830, активни 115

Пробиштип 775, активни 21

Валандово 661, активни 20

Богданци 492, активни 52

Крушево 484, активни 98

Демир Капија 394, активни 19

Демир Хисар 390, активни 68

Македонски Брод 355, активни 17

Кратово 356, активни 7

Пехчево 264, активни 17

Македонска Каменица 234, активни 14

Дојран 132, активни 5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП