19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна оаза во срцето на Обединетите Арапски Емирати(ФОТО)

Луксузна оаза во срцето на Обединетите Арапски Емирати(ФОТО)

Веќе една година, практично, сите сонуваме за патувања, дестинации од нашите соништа, прекрасни плажи и оддалечени делови од светот …

Затворени во нашите домови, а потоа во границите на нашите држави, останавме да копнееме за поглед од рамнината на пејзажот под нас, татнежот на водата што поминува покрај крстосувачот и звукот на возот немилосрдно гази на шините. Сонувавме за денот кога ќе ги спакуваме куферите, ќе ги земеме пасошите во рака и ќе се нурнеме во непознати земји, во кои претходно не сме стапналее. Внимателно го испланиравме секој момент од нашето патување, од комбинацијата на облека што ќе ја носиме на патувањето, преку сите работи кои ќе ги спакуваме, каде ќе застанеме да се одмориме и каде ќе ги поминеме нашите безгрижни денови. Доколку сте расположени за егзотична локација која ве остава без здив, ви ја предлагаме Waldorf Astoria Ras Al Khaimah, што сама по себе е идеална дестинација за незаборавен одмор.

Ова одморалиште, сместено во мирниот емират Рас Ал Хаима, ќе ве воодушеви со својата внимателна услуга, десет величесвени ресторани и ложи, како и сместувачки единици со фантастичен поглед на арапскиот брег. Лоциран на само четириесет и пет минути возење од меѓународниот аеродром во Дубаи, овој хотел на плажа е опкружен со пустини, планини и море, што го прави совршен за сите видови патници.

Без разлика дали сакате да се сончате на сонце, на плажа што се протега до недоглед, да бидете модерен истражувач кој јава камили низ пустината во потрага по изгубено богатство или како авантурист да уживате во планински искачувања и погледи од врвот, овој хотел може да го понуди тоа за вас. Во непосредна близина има фантастичен терен за голф со 18 дупки, како и наградуваниот спа центар, Waldorf Astoria Ras Al Khaimah, ветува дека ќе излезете од него подмладени и одморени, полн со впечатоци кои со задоволство ќе ги споделите со сите ваши најблиски.

Покрај тоа, мора да нагласиме дека хотелот ја доби ознаката Safeguard од Bureau Veritas за одржување на највисоки стандарди за здравје и хигиена.

Во неговите соби, кои се слични на оние сместени во палатите од приказните за 1001 ноќ, ќе можете да се опуштите и да се чувствувате како султан чија единствена мисија е вистинско уживање. Со над 350 метри приватна плажа, ќе имате можност да уживате без одвлекување на вниманието, додека има два базени со контролирана температура на водата, едниот посветен само на возрасните, а за деца, тука е Pearls Kid’s и услуги за чување деца.

Ако сте љубител на активности на вода, можете да им се препуштите на кој било начин, додека после целодневна забава во спа центарот, ве чекаат третмани за парови, хербална сауна и многу повеќе.

Со многуте награди што ги доби од отворањето, Waldorf Astoria Ras Al Khaimah дефинитивно ќе ве воодушеви и ќе направи да сакате повторно да го посетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП