4 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКикириките можат да ви го спасат и продолжат животот

Кикириките можат да ви го спасат и продолжат животот

Само неколку кикирики дневно можат да го намалат ризикот од сериозни болести. Истражувачите успеаа да ја потврдат врската меѓу кикириките и здравиот живот.

Тие велат дека со само 10 грама дневно можете да го намалите ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.

Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите.

Научниците од Харвард 22 години следеле 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар или шлог. Тие морале да бидат на специјална диета и четири години пополнувале формулари за своето здравје.

Кога научниците ги виделе резултатите откриле дека оние кои јаделе кикирики биле заштитени од срцев удар и шлог. Вистинско изненадување е дека ризикот бил намален за 44 проценти.

Кикириките содржат многу состојки, како што се здрави масти, витамини, влакна, антиоксиданти кои го подобруваат одбрамбениот систем на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар