13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСончево време со температура до 26 степени

Сончево време со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието. Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП