Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај, кога се празнува Велјасабота, во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција, да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација, која ќе го донесе од Ерусалим, каде што речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото воскресение на Велјасабота.

