20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка за првиот квартал прокнижи повисока добивка во однос на лани

Комерцијална банка за првиот квартал прокнижи повисока добивка во однос на лани

Во периодот од 01.01-31.03.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемување за 65,6%.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.053,1 милион денари и бележат зголемување од 3,5% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2021 година изнесуваат 407,82 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се намалени
за 3,2%. Планот е остварен со 96,7%.

Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 283,7 милиони денари, наспроти 378,9 милиони денари во истиот период минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП