20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските индекси највисоки во последните 5 години

Американските индекси највисоки во последните 5 години

berzzzza

На Вол Стрит, „Dow Jones“и „S&P 500“ вчера достигнаа ново највисоко ниво во последните пет години, благодарение на одличните резултати на голем број компании.

„Dow Jones“ скокна 62 поена, или 0,46 проценти, на 13,712 поени, а „S&P 500“ на 1492 поени, или 0,44 проценти, што преставува највисоко ниво на овие индекси од декември 2007 година.

„Nasdaq“, пак, зајакна за 0,27 проценти, на 3143 поени.

Многу компании, меѓу кои „Travelers“, „Du Pont“ и „Verizon Communications“, вчера објавија подобри резултати отколку што се очекуваше.

Со раст од 0,9 проценти, најголеми победници вчера беа акциите на банкарскиот и рударскиот сектор.

Значително помал раст, од 0,2 проценти забележа „S&P“ индексот на технолошкиот сектор. Во проширеното електронско тргување, цените на акциите на „Google“ и „IBM“ се зголемија за повеќе од четири проценти, бидејќи технолошките гиганти одушевија со нивните бизнис резултати.

Во истражувањето на Томсон Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека профитот на компаниите од составот на „S&P 500“ индексот, во четвртиот квартал од минатата година, е зголемен за 2,6 проценти во однос на истиот период претходната година. Тоа е повеќе од 1,6 процентниот раст, кој се очекуваше пред две недели.

Од 74 компании од составот на „S&P 500“ индексот, кои досега ги објавија финансиските извештаи, 62 проценти ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Обемот на тргување беше малку под просекот. Сопствениците на „NYSE MKT“ и „Nasdaq“ вчера заменија 6,2 милијарди акции, додека ланскиот просечен дневен обем на тргување изнесуваше 6,4 милијарди.

На европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондон „FTSE“ се намали за 0,03 проценти, на 6179 поени, додека францускиот „Dax“ се намали за 0,68 проценти, на 7696 поени, а Париз „CAC“ се намали за 0,59 проценти, на 3741 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП