25 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје за првите три месеци прокнижи добивка од над...

НЛБ Банка АД Скопје за првите три месеци прокнижи добивка од над 8 милиони евра

НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-март 2021 година оствари нето добивка на износ од 499.309 илјади МКД и е зголемена за 19,3% во однос на истиот период претходна година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.197.497 илјади МКД и се повисоки за 4,3% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 507.719 илјади МКД и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,1%, трошоците за
амортизација се повисоки за 7,7%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,8% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.03.2021, издвоени се Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 133.331 илјади
МКД или 28,4% помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност
на нефинансиски средства изнесуваат 1.659 илјади МКД.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП