Состојбата низ болниците се стабилизира, а бројот на хоспитализирани ковид-пациенти се намалува. Ова било утврдено на редовниот утрински состанок на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид – центрите.
„Изминатиов викенд значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат“, вели Филипче.

