29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПретпладне сонце, попладне дожд

Претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне повремено значителна облачност. Во текот на ноќта во Скопската Котлина ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено попладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 23 степени.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат во текот на ноќта и рано наутро во вторник, како и во среда преку денот, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП