20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНЕВЕРОЈАТНО: Чанта во форма на авион поскапа од вистински авион (ФОТО)

НЕВЕРОЈАТНО: Чанта во форма на авион поскапа од вистински авион (ФОТО)

Во колекцијата на француската модна компанија Луј Витон за есен/зима 2021 година, има и многу интересна чанта. Дизајнерот Виргил Аблох инспирацијата за торбата ја пронашол во големите патнички авиони, така што торбата има детален изглед на авион со опашка, крилја, па дури и четири мотори под крилјата.

Чантата беше претставена во јануари, но дури неодамна го привлече вниманието на многумина на интернет и стана вирална – поради вртоглавата цена од 39.000 американски долари.

Според медиумите, иако фотографиите кружат на интернет веќе неколку месеци, тие неодамна привлекоа поголемо внимание, кога еден корисник на Твитер сугерираше дека може да се купи вистински користен авион за истите пари.

„Можете всушност да купите авиони за помалку пари“, додаде тој, а потоа беа објавени огласи за авиони што го докажуваат тоа.

Некои во коментарите се прашуваа и дали торбата може барем да лета, додека други истакнаа дека би се чувствувале како „будали“ да носат таква торба.

Патем, дизајнерот Виргил Аблох е познат и како основач на светски познатиот моден бренд Off White.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП