18 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките.

На состанокот се зборувало за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персоналот.

„Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати.  Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претпазливи, поради непредвидливоста на вирусот“, апелира министерот за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП